Над 20 кривични постапки за непочитување на мерки во време на пандемија

За период помал од еден месец, поднесени повеќе од 20 кривични пријави против граѓани кои не постапувале соодветно на здравствените мерки и прописи во време на пандемија.

СВР Струмица, СВР Штип, СВР Велес, СВР Тетово, СВР Битола и СВР Охрид поднесоа кривични пријави против И.К.(29) од с.Раброво, валандовско, М.М.(44) од с.Дражево, струмичко, М.Ц.(45), Н.К.(26), Ѓ.Д.(23) и Е.Ш.(36), четворицата од Струмица, Ф.Ј.(47), М.Ц.(26), М.А.(20), Д.С.(19), М.К.(26), Д.С.(24), Н.А.(57), Р.Л.(36), сите од Кочани, Р.Т.(58) од с.Клуковец, велешко, И.П.(47) од Велес, А.С.(25) од Демир Капија, А.В.(33) од с.Челопек, тетовско, А.З.(25), З.Ф.(26), двајцата од с.Шемшево, тетовско, Б.С.(57) од Битола, А.Џ.Р.(53) од Велика Британија, Ф.И.(18) од с.Горно Строгомиште, кичевско, како и известување од СВР Битола против тројца малолетници од с.Белче, демирхисарско, поради сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, во периодот од 12.03 до 04.04.2021 постапиле спротивно на одлуката од Владата на Република Северна Македонија и за време на забрана за движење на лица во период од 22.00 до 05.00 часот биле затекнати надвор од домовите без соодветна дозвола за движење.