Најмалку 21 лице е повредено во саботата во несреќа на француските Алпи кога автобус со деца се превртел и низ падина и паднал во поток.
Со автобусот се превезувале 40 деца на возраст од основно образование.
Возачот и совозачот се најтешко повредени, додека 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјави Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.