Над 27 милиони заразени со коронавирусот во светот

Бројот на заразените со новиот коронавирус во светот надмина 27 милиони лица, според податоци на Worldometer.

Според податоците на споменатиот портал од саботата вечерта, од почетокот на пандемијата кон крајот на ланскиот декември во кинески Вухан досега се потврдени 27.019 милиони случаи на коронаинфекција. Од тоа најмногу заразени има во сАД, повеќе од 6,4 милиони.

Активни случаи во светот во моментов има 7 милиони, а досега од заразата со вирусот SARS-CoV-2 закрепнале 19,9 милиони луѓе.

Бројот на смртни исходи како последица од респираторното заболување Covid-19 во светот до саботата изнесуваше 882.359, од кои 192.807 луѓе починале во САД.

Покрај Соединетите држави, пандемијата најмногу ги погоди Бразил и Индија, во кои се заразеи повеќе од четири милиони луѓе.

Бразил е втор за САД со 4,123 милиони зразени и 126.203 починати. Меѓутоа, најголемата латиноамериканска земја би можела набрзо да биде надмината од Индија која има 4,11 милиони аразени и 70.000 починати.

Русија, најбројната европска земја е водечка на континентот според бројот на заразените и четврта во светот со 1,2 милиони коронаинфекции, но има 17.759 смртни исходи што е за повеќе од десет пати помалку од некои западноевропски земји.