Над 30 жртви и 13 исчезнати во невреме во Јапонија

Повеќе од 30 луѓе загинале во излевањата на реките и лизгање на земјиште предизвикани од обилните врнежи кои ја погодија југозападна Јапонија, објави во неделата јапонската јавна телевизија.

Во прилогот на NHK се истакнува дека смртта на најмалку 16 лица веќе била официјално потврдена од лекарите, додека уште 17 луѓе биле во ткн состојна на срцев и пулмонален застој, како што во Јапонија се идентификува состојбата на клиничка смрт што може да ја дијагностицираат само медицински лица но не и спасувачите кои работат на место на несреќата. Уште 13 лица се водат како исчезнати, се додава во прилогот.

Најтешко погодена е префектурата Кумамото, каде дошло до излевање на неколку поголеми реки одеднаш, предизвикувајќи поплавување на колема површина. Во истата префектура е целосно поплавен дом за стари лица, од каде спасувачите можеле да изнесат само 14 тела без знаци на живот. Подоцна од истиот дом биле спасени околу 50 луѓе, штитеници и вработени во установата.

Според последните извештаи на властите, повеќе од 200.000 лица се упатени на евакуација во префектурита Кумамото и Кагошима, каде што во некои области на сила е највсокото петто ниво на опасност, под кое се подразбира непосредна закана по животите на населението. Според податоците на електроенергетскиот оператор „Kyushu Electric Power“, повеќе од 6.000 домови во префектурата Кумамото останале без снабдување со електрична енергија.

Јапонскиот премеир Шинзо Абе нареди испраќање на околу 10.000 припадници на копнениете воени сили во настраданите области, кои треба да им помогнат на локалните спасувачки служби. Додаде и дека сите центри за евакуација каде што локалното население ќе биде принудено привремено да престојува, ќе бидат организирани во согласност со сите неопходни мерки на претпазливост во врска со актуелната закана од ширењето на коронавирусот.

Во југозападниот дел од Јапонија и во неделата продолжуваат обилните дождови. Метеоролозите јавуваат за намалување на интензитетот на врнежите, но во некои области достигнуваат 200 мм дневно. Се предвидуваат и врнежи до 300 мм на југозападниот остров Шикоку, 250 мм на островот Кјушу, вклучително и Кумамото, и 200 мм за источниот и централниот дел од земјата, вклучително и главниот град Токио, до понеделникот вечерта, наведува меторолошката агенција.

Пред две години поплавите и свлечиштата во западна Јапонија однесоа повеќе од 220 животи, што е најголем број смртни случаи поврзани со временските непогоди во последните три децении.