Над 4.000 мртви од Covid-19 во Индија втор ден по ред

Индија потврди повеќе од 4.000 смртни случаи по заразување со коронавирусот втор ден со ред во четвртокот, додека новите случаи на коронаинфекции се близу 400.000 веќе четврти ден, но вирусот се прошири во руралните обалсти кае што веројатно има голем број непотврдени случаи поради недоволните тестирања.

Здравствените експерти не се сигурни кога овие бројки ќе го достигна врвот, но расте загриженоста поради сојот кој се шири последниот пориод и во Индија и во светот.

Брамар Мукерџи, преферока по епидемиологија на Универзитетот Мичиген, вели дека повеќето модели го предвидувале пикот оваа седмица, и дека Индија започнала да покажува знаци на тој тренд.

„Сепак, бројот на заразите секој ден е доволен да ги преплави билниците. Клучниот збор е претпазлив оптимизам“, напиша Мукерџи на Twitter.

Ситуацијата е особено лоша во руралните области на сојузната држава Утар Прадеш, најнаселената индиска сојузна држава со повеќе од 230 милиони жители. Таму семејствата ги оплакуват починатите во селските болници или кампуваат на одделите за самите да ги негуваат болните, покажуваат телевизиските снимки.

Реката Ганг исфрла тела на мртви на брегот, импровизираните крематориуи на отворено се преоптоватрено и недостигаат дрва за погребните клади.

„Службените статистики не ви го даваат вистинскиот впечаток за разорната пандемија која пустоши низ рурален Утар Прадеш“, напипа познатиот активист и опозициски политичар Јогендра Јадав за весникот The Print.

„Раширеното незнаење, недостигот од поблиски или соодветни објекти за тестирање, службените и неслужбените ограничувања на тестирањата и прекумерните доцнења со извештаите за тестирањата значат дека од село до село никој не се тестирал, а многу луѓе се жалат на ‘чудната треска’“, додава Јадав.

Индија во четвртокот потврди 362.727 нови случаи на зараза со коронавирусот и 4.120 починати од болеста Covid-19 во изминатите 24 часа, според податоците на министерството за здравство.

Зголемувањето на бројот на новите зарази е проследен со забавувањето на процесот на масовно вакцинирање, иако премиерот Нарендра Моди најави дека од 1-ви мај ќе започне вакцинирањето на сите возрасни граѓани.

Двете сојузни држави, Карнатака каде се наоѓа технолошкиот центар Бангалоре, и Махараштра во која е индиската финансиска престолнина Мумбаи, најавија дека привремено го запираат вакцинирањето на лицата од 18 до 44 години, бидејќи приоритет им е да ги имунизираа граѓаните над 45 години кои треба да ја добијат втората доза.

Индија е инаку најголемиот светски производител на вакцини, но остана без резерви од супстанциите за производство и од готови вакцини, поради големата побарувачка, До четвртокот целосно се вакцинирале само малку повеќе од 38,2 милиони луѓе, оносно 2,8 отто од вкупно 1,35 милијарда ќители, покажуваат податоците на владата.