Над 40 мртви во бегалски камп во ЦАР

Повеќе од 40 луше загинале а десетици се повредени во намат врз католичката мисија во Централноафриканската Република (ЦАР) во кој засолниште побараа 20.000 бегалци, соопштија во саботата локални политичари.

Нападот се одиграл во четвртокот во Алиндао во кампот на католичката црква „Свето срце“. Според последните официјални информации бројот на убиените изнесува 42 луѓе, но според неофицијални процени бројот на загинатите би можел да достигне до 100. Кампот бил целосно изгорен, а илјадници се во бегство.

Многу католички црвки во ЦАР обезбедуваат засолниште и за муслиманите и за христијаните кои бегаат од насилствата, вклучително и во црквата во епархијата во Бангасоу, околу 180 километри источно од Алиндао, каде неколку католички институции згрижуваат раселени муслимани кои се соочуваат со насилството од стрна на ткн амти-балака милиции, кои во овој град во мај 2017 година убија повеќе од 100 милиции.

Илјадници луѓе загинаа, а петтина од вкупно 4,5 милиони жители на земјата ги напупштиле своите домови во текот на судирите кои избувнаа откако главно муслиманските биунтовници Селека го сопборија од власта претседателот Франсоа Бозизе по насилствата кои избувнаа во декември 2012 година, што предизвика одговор од страна на христијанските милиции. Иако во 2016 година беше избран нов претседател на земјата, и натаму тамошните власти и мисијата на ОН се справуваат со голема политичка нестабилност и насилство.