Најмалку 42 лица загинале во поплавите кои ги зафатиле нигериските сојузни држави Кацуна и Нигер, објави локалниот медиум Cable повикувајќи се на тамошните власти.
Според агенцијата за вонредни ситуација на државата Нигер, 18 лица загинале во оваа западна држава на Нигерија, а поплавите загрозиле речиси 50.000 лица.
Покрај тоа, 24 лице загинале во државата Кацина на северот на Нигерија, а повеќе од 18.000 локални жители биле принудени да ги напуштат своите домови, објави тамошната агенција за вонредни ситуации. Се додава дека поплавите уништиле повеќе од 16.00 домови и потопиле повеќе од 1.600 земјоделски фарми.