Над 400 милиони луѓе погодени од песочна бура во Кина

Голема песочна бура мина низ кинескиот главен град Пекинг и другите покраина на северот на земјата, со што беа опфатени околу 409 милиони луѓе, наведе кинеското министерство за шуми, пренесе весникот на англиски јазик Global Times.

Индексот на квалитетот на воздухот во Пекинг ја минал горната граница и достигнал ниво од 1.300 во понеделникот ноќта, при што нивото од 150 веќе се смета за „нездраво“. Притоа, бурата ја намалила видливост на неколку десетина метри.

Песочната бура во Кина дошла од југот на соседна Монголија, а освен Пекинг ги погоди и другите северни покраини, вклучително и Внатрешна Монголија, Хеилонгцианг и Ксинџијанг, наведе министерството. Прекрила област од вкупно 2,29 милиони квадратни километри.

Метеоролошкиот центар забележува дека северот на Кина веќе се соочи со повеќе песочни бури, отколку што се забележани во просек во изминатите десет години.

Индексот на квалитетот на воздухот во Пекинг во вторникот утрото сѐ уште изнесувал околу 900, со исклучително висока концентрација на PM10 честичките и со облак од прав над главниот град, кој дури подоцна бил растеран од ветровите.