Над 500 мртви во топлотниот бран во Шпанија

Шпанија во средата извести за повеќе од 500 смртни случаи кои се поврзуваа со топлотниот бран кој штотуку ја зафати западна Европа, предизвикувајќи разорни пожари и подигнувајќи ги температурите на рекордните нивоа.

„Климатската криза е реалност и климатските промени убиваа“, тврдеше социјалистичкиот шпански премиер Педро Санчез во текот на посетата на Арагона, покраината на североистокот на Шпанија каде што пожарите опустошија десетици илјади хектари земјиште.

Исклучително високите температури последните десет ден предизвикаа смрт на повеќе од 500 луѓе, рече Санчез повикувајќи се на процените за растот на морталитетот на шпанскиот Институт за јавно здравје.

Според податоците на шпанскиот метеоролошки завод, актуелниот топлотен бран би можело да биде најинтензивниот забележан во историјата и еден од трите најдолги топлотни бранови.

Високите температури се причина и за бројни смртни случаи и во Франција, а две големи пожара во југозападниот департман на брегот на Атлантскиот Океан уништиле 20.600 хектари шума. Меѓутоа, се проценува дека огнените стихии во Франција го губат интензитетот, па противпожарната служба е пооптимистична Поради пожарите од оваа област досега се евакуирани 36.700 луѓе.

Топлотниот бран собори во вторникот неколку температурни рекорди во Европа. Така во Велика Британија измерени беа досега невидени 40,3 Целзиусови степени во Конингсбери, на североистокот од Англија. Во Шкотска, исто така, соборен е апсолутниот рекорд со 34,8 Целзиусови степени. Во Франција на локално ниво забележани се повеќе од 60 топлотни рекорди.

Во средата и Данска собори температурен рекорд и ја забележа највисоката температура во јули со 35,6 Целзиусови степени, а топлотниот бран почнува да ја зафаќа Скандинавија.

Станува збор за вториот топлотен бран за само околу четири седмици, кои изминатите денови ја погоди западна Европа, од Португалија до Велија Британија и постави многу нови температурни рекорди.