Над 6.000 војници во Германија мобилизирани за помош на бегалци

Над 6.000 војници во Германија се мобилизирани за да помогнат со бранот бегалци кои бараат азил – двојно повеќе од оние кои се испратени на мисии во странство, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Помагањето на бегалците стана важна дополнителна задача на Бундесверот, наведе во коминике министерот за одбрана Урсула фон дер Лајен.

Оваа година Германија очекува повеќе од 800 илјади кандидати за азил. Министерството додава дека во мисии во странство се 2.900 германски војници.