Вкупно 6099 граѓани досега примиле вакцина против сезонски грип. Вкупно 35 811 граѓани се пријавени преку веб страната vakcinacija.mk . Вакцини има во доволен број, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Годинава, Министерството за здравство набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години. Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна.