Над 9.000 заразени и повеќе од 300 мртви од коронавирусот во Шпанија

Во Шпанија до понеделникот е регистриран 9.191 потврден случај на зараза со коронавирусот, од кои починале 309 луѓе, а, 530 пациенти оздравеле, соопшти тамошното министерство за здравство.

Претходно шпанското министерство за здравство информираше за 7.753 заболени и 288 починати.

Најмногу од инфицираните случаи се потврдени во регионот на главниот град Мадрид – 4.165.

Првиот случај на зараза со новиот тип коронавирус во Шпанијата беше потврден на 31-ви јануари, а оттогаш бројот на инфицираните започна остро да расте особено по експлозијата на епидемијата во Италија.

Во саботата шпанската влада ги воведе строгите мерки за справување со епидемијата. Тие вклучуваат ограничување на движењето на жителите на територијата на целата земја, освен на случај на неодложна потреба. Мерките на сила ќе бидат следните 15 дена, а потоа доколку има потреба може да ги продолжи парламентот.