Вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на корона ирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град Скопје и во болниците низ Македонија изнесува 926 и има околу 800 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на Covid-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на Covid-9.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 49, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 54 пациенти, во Кочани 22 во Кичево 15, Кавадарци 26, а во Гевгелија 8 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
.