Над два милиона муслимани го почнуваат годишниот хаџ во Мека

Повеќе од два милиона муслимани го почнуваат во петокот годишниот хаџ во Мека во Саудиска Арабија каде што властите предупредија дека нема да толерираат никаков обид за политизирање на верскиот собир во време на тензиите во Персискиот залив.

Управувањето со постојаниот прилив на аџии и грижата за безбедноста на сите обреди претставува голем логистички предизвик за саудиското кралство, бидејќи хаџот е најголемото верско собирање во светот. Поради тоа мобилизирани се десетици илјади припадници на безбедносните сили кои ќе се грижат сѐ да мине во ред, и да се избегнат трагичните стапмеда, од кое најсмртоносно е она од 2015 кога загинаа, според саудиските официјални податоци, 2.300 луѓе во текот на ритуалот на каменување на сотоната, но другите земји, во прв ред Иран тврдат дека овој трагичен биланс е многукратно поголем.

Вкупно 2,5 милиони верници од странство и од самата Саудиска Арабја се пријавиле за годинешниот хаџ. Повеќе од 1,8 милиони визи верниците добиле преку интернет, рече еден од организаторите.

Хаџот е еден од петте столбови на исламот и секој муслимански верни би треабло да го изврши барем еднаш во животот, доколку има средства за тоа. Во петокот аџиите ќе присуствуваат на петочната молитва во Големата џамија во Мека. Процесиите од мажи и жени потао ќе се упатата кон Мина во близина Мека, пешки или со автобуси кои на располагање ги ставија саудиските власт.

Мина е тесна долина којашто секоја година во време на хаџот се претвора во голем камп од бели штари за сместување на аџиите. Годинава се поставени околу „350.000 климатизирани шатори“, рекол саудиски челник.

Хаџот годинава се одвива во атмосферата на големата напнатост во Персискиот залив каде во мај и јуни имаше инциденти со танекри, беше соборено американско беспилотно летало и запленети се танкери. Сунитската Саудиска Арабија и нејзиниот стратешки партнер САД го обвинуваат шиитскиот Иран за инцидентите во Заливот, што Техеран кој е историски ривал на Ријад за влијание на Блискиот исток го отфрла. Иранската агенција Tasnim пренесува дека околу 88.550 Иранци учествуваат годинава во хаџот, и покрај тоа што две земји прекинаа дипломатски односи.