Над две илјади луѓе се собраа за ’јуришот на Зоната 51’

Повеќе од две илјади луѓе пристигнале во петокот пред базата на американските воздухопловни сили Homey Airport“, во сојузната држава Невада, попозната како „Зоната/Областа 51“(Area 51), пренесува агенцијата Associated Press (AP)

Како што пренесува агенцијата, никој од учесниците на ткн „јуриш на Зоната 51“ и фестивалот посветен на тоа, не направил вистински обида да навлезе на територијата на воената база. Според информациите на локалните медиуми, најголем број од луѓето се собрале во малите градови Хеико и Рејчел лоцирани во близина на „Зоната 51“, за да земат учество во забавните настани кои викендов се одржуваат таму.

„Сите ние добро знаеме дека не можеме да го минеме влезот. Но успех (на интернет иницијативата) ќе биде доколу сите заедно се собереме денес, слушаме музија и пиеме пиво. Тука владе чувството на заедништво, него го чувствуаат сите дојдени“, рекол за AP еден од настаните кои со месеци наназад беше најавуван.

Телевизијата CBS објави во петокот дека 75 луше се собрале ноќта пред влезот во „Зоната 51“. Претходно на Facebook беше објавен повик до сите кои на 20-ти септември сакаат да се соберат во голема група и да навлезат на територијата на воената база. Околу два милиона луѓе се пријавија на социјалните мрежи во акцијата под наслов „Јуриш на Зоната 51, не можат сите да нѐ сопрат“, којашто беѓее закажана за 20-ти септември, а уште 1.200.000 покажале „заинтересираност“ на Facebook. Организаторите првично истакнуваа дека властите нема да може да спречат голем број луѓе да влезат на територијата на базата, но потоа ретерираа и признаа дека нивниот повик не треба да се сфаќа сериозно.

Теоретичарите на заговорите долги години наназад се убедени дека американската влада држи тајни информации за вонземјаните и неидентификуваните летачки објекти (НЛО – UFO) во „Зоната 51“ и дека таа се користи како место на коешто во најстрога тајност се чуваат заробените НЛО-а или остатоци од вонземски технологии. Администрациите во Вашингтон со децении ги негираат овие конспирации, но се чини недоволно убедливо.

„Зоната 51“, воената база сместена околу 180 километри од Лас Вегас, е тајниот објект на вооружените сили на САД, во кој според некои верзии уште од 1955 година се развиваат и тестриаат експериментални авиајциски технологии. Токму поради зголемените мерки за безбедност во базата, се развија теориите дека во неа се чуваат докази за постоењето на вонземјани. Во дилмот од „Денот на независноста“ од 1996 година, оваа база се јавува како лабораторија за изведување експерименти врз вонземјани, но досега не е позната нејзината вистинска цел. Ваквите митови ги подгреваше и фактот што американските власти дури во 2013 година ги признаа постоењето на базата, а таа и натаму е еден од најдобро обезбедуваните воени објекти.