Над двесте луѓе уапсени на протестите во Франција

Околу 220 луѓе, вклучително и лидерот на протестите Ерик Друе, се уапсени во Франција и во главниот град Париз во саботата во текот на најновиот протест на неформалното протесно движење „Жолти елеци“, пренесе ноќта радиото во FranceInfo, додавајќи дека 81 човек останува во притвор.

Според податоците на министерството за внатрешни работи, на коешто се повикуваат француските медиуми, до 19 часот по македонско време на протестите ширум Франција учествувале повеќе од 38.000 луѓе, од кои 2.000 во Париз. Протестите минале мирно, но бројот на учесниците е значително намален, минатата сабота ширум земјата излегле 66.000 „Жолти елеци“, се истакнува во соопштението на министерството.

Протестот на Елисејските полиња, булеварот во близина на претседателската палата, главно минал мирно. Вечерта во саботата на оваа локација демонстрантите се судриле со полицијата, при што силите за спроведување на редот користеле солзавец и водени топови. Подоцна ноќта „Жолтите единици“ го напуштиле булеварот, пренесуваат медиумите.

Во Перпињан, град на југот од Гранција, 36-годишен моторист загинал по судир со комби кое учествувало во протестите во петокот вечерта. Сообраќајот се одвивал со застои и на автопатите на францускиот југозапад во близина на границата со Шпанија.

Демонстрантите кои носат жолти флоуросцентни елеци, кои се задолжителни за секое излегување од возилото во Франција, протестираат на улиците и блокираат патишта и кружни текови од средината на ноември. Протестите предизвикаа беазредија и судири со полицијата во Париз од почетокот на декември.

Движењето, коешто функционира без организациона структура и единствен лидер, во почетокот се противеше на новото зголемување на наметите за горивата. Оваа мерка беше напуштена од страна на владата на претседателот Емануел Макрон, но движењето од тогаш упати пошироки барања, вклучително и поголеми плати, намалување на даноците и уставен амандман со кој гласачите би имале право да покренат референдум во врска со одредени политики. Медиумите наведуваат дека изгледа дека протестите кои ја зафатија цела Франција, во текот на последните седмици го губат интензитетот.

Францускиот парламент во петокот го одобри планот за јавната потрошувачка со цел да ги смири „Жолтите елеци“. Новиот закон ги иззема прекувремените часови труд од даноците и трошоците за вработување на помошни работници од следната 2019 година.