Над илјада мигранти ги загубиле животите во Средоземјето

Повеќе од илјада луѓе се удавиле во првите шест месеци од годината во Средоземно Море, на пат од Либија кон Европа, соопшти во понеделникот  Меѓународната организација за миграција (IOM), истакнувајќи дека само последните неколку ден животите ги загубиле 204 лица.

„Алармантно е зголемен бројот на загинати на море во близина на брегот на Либија. Криумчарите го користат очајничкото инсистирање на мигрантите што побрзо да заминат, пред Европа да ги примени построгите мерки за тие што го преминуваат Медитеранот“, истакна шефот на либиската мисија на IOM, Отмар Белбеиси.

Портпаролот на организцијата, Леонард Дојл, пак, наведе дека порастот на бројот на мигранти можеби се должи на подобрување на временските услови и завршување на муслиманскиот месец рамазан. Додаде и дека мигрантите брзаат што побрзо да пристигнат, пред Европска унија да ги примени построгите мерки.

„Криумчарите секогаш ќе го стават профитот пред безбедноста“, посочи Дојл.

И покрај зголемувањето на смртните случаии во последните денови, нивниот број сепак е двојно помал во споредба со првите шест месеци од 2017 година.

Патот преку Сахара, а потоа преку Средоземно Море и понатаму е најопасна мигрантска рута во светот.