Повеќе од милиони луѓе протестирале во француските градови во четвртокот против намерите на претседателот Емануел Макрон да ја подигне возраста за одење во пензија, а бранот штрајкови ширум земјата го запре возовите, ги блокираше рафинериите и го намали производството на електрична енергија.
Охрабрени од успехот на денешните протести, водечките синдикати во Франција повикаа на втор ден од генералниот штрајк за 31-ви јануари во обидот да ги принудат претседателот Макрон и неговата влада да се откажат од реформите на пензискиот систем, според кои повеќето Французи ќе мора да работат дополнителни две години за потполна пензија, до својата 64-та година.
„Сега владата се наоѓа во очајна ситуација. Сите знаат дека подигнувањето на возраста за пензионирање само им оди во полза на работодавачите и на богатите“, соопштија во заедничка објава француските синдикати.
Околу 1,1 милиони демонстранти излегле на улиците по градовите ширум Франција, објави министерството за внатрешни работи. Тоа е поголема бројка отколку на уличните протести во 2019 година кога Макрон првпат се обиде да ги воведе овие реформи. Планот беше одложен поради избувнувањето на пандемијата на Covid-19, но којашто, исто така, ги запре масовните акции на протестното движење Жолти елеци секој викенд кои ја парализираа земјата.
Според извештаите од министерството за внатрешни работи и медиумските извештаи, полицијата се судрила и употребила солзавец со групи млади лица со маски и качулки кои не биле придружени директно на протестната поворка во Париз. Притоа приведени биле неколку десетици лица.,
Поради масовниот штрајк на француските работници во четвртокот беа запрени најголемиот дел од возовите, училиштата и другите образовни институции остана затворени, а испораките од нафтените рафинерии беа блокирани.
Протестите и штрајкот претставуваат голем тест за претседателот Емануел Макрон кој тврди дека неговата главна реформа, којашто е многу непопуларна меѓу Французите е клучна за да се избегна крахирање на пензискиот систем.
Според најновите истражувања на јавното мнение, дури 68 отсто од Французите се противат на планот на Макрон за пензиски реформи, а најголем отпор, покрај од синдикатите, доаѓа од левичарските партии, но се противи и крајната десница. Покрај тоа, и ткн „реформистички“ синдикати и политички движења му го свртеа грбот на Макрон, чијашто партија нема апсолутно мнозинство во Националното собрание – парламентот.
За Макрон, пак, исклучително е важно во Франција и во Европската унија да ги покаже своите реформски капацитети, како и способноста да ја држи под контрола јавната потрошувачка.
Според процените на министерството за труд, одложувањето на продолжувањето на заминувањето во пензија за две години и продолжувањето на уплатите би значело 17,7 милијарди евра пензиски придонеси годишно, па францускиот пензиски систем би можел да пукне веќе во 2027 година. Синдикатите, пак, тврдат дека пензискиот систем може да одржи со оданочување на „супер богатите“, со големи придонеси на работодавачите или од добростоечките пензионери.