Над еден милион турски граѓани гласале надвор од границите на земјата на референдумот за уставни промени, со што може да биде воведен претседателски систем на управување во Турција. Вчера заврши гласањето на Турците што живеат надвор од земјата.
На територијата на земјата гласањето на референдумот ќе биде одржано на 16 април.
Според медиумите одѕивот на турските граѓани надвор од земјата е околу 51-52 проценти при вкупно 2,5 милиони гласачи во 31 земја во Европа.
Гласачките ливчиња ќе бидат доставени во Турција со авиони на компанијата „Туркиш ерлајнс“, а нивното пребројување ќе се одржи на 16 април, веднаш по завршувањето на гласањето во земјата.
Овие гласови ќе имаат подеднаква важност, како гласовите на лицата кои живеат во Турција.