Над пет милиони американски деца или речиси седум отсто живеат без родители, кои се во затвор.
Анализата на невладината организација Чајлд трендс е објавена во период кога претседателот Барак Обама реформите на Кривичниот законик ги означи како приоритет на неговиот втор мандат, пренесува МИА.
Во тие пет милиони се вклучени деца до 18 години, чии родители завршиле во затвор. Анализата е спроведена врз основа на податоци на американското Министерство за социјални работи.
Во 2007 година оваа бројка изнесуваше 1,7 милиони или само два отсто од децата живееле без родители, бидејќи тие завршиле во затвор.