Повеќе од половина милион жители на американскиот брег во Мексиканскиот залив добија наредба да се евакуираат поради ураганот Лора што се очекува да ги погоди Тексас и Луизијана.
Ураганот, проследен со силен ветер, се очекува да предизвика поплави и големи бранови.
Повеќе од 385.000 луѓе треба да бидат евакуирани од градовите Бомонт, Галвестон и Порт Артур во Тексас, а наложена е евакуација и на 200.000 жители од пониските области во југозападна Луизијана, каде што бранови високи речиси четири метри би можеле да поплават цели места.
This tropical squall just slammed Key West with SE winds 32 gusting to 47 MPH as Laura moves 215 miles south of us. We're live as we watch #Laura head into the Gulf and intensify. Be prepared TX & LA for a likely hurricane landfall mid-week. Non-stop coverage on @weatherchannel pic.twitter.com/joSuRwtAja
— Mike Seidel (@mikeseidel) August 24, 2020
„Силниот ураган ќе го погоди копното во среда во доцните часови или рано во четврток“, предупреди заменик директорот на Националниот центар за урагани, Ед Рапапорт.
На пат кон САД, ураганот Лора помина покрај Куба, откако беше причина за смртта на најмалку 20 луѓе во Доминиканската Република и тројца на Хаити, каде што доведе до прекини на електричната енергија и поплави.
#Laura has rapidly intensified & now forecast to reach Category 4 #hurricane intensity. Since 1950, there have been 7 August Category 4+ hurricanes in the Gulf of Mexico:
Camille (1969), Allen (1980), Andrew (1992), Bret (1999), Charley (2004), Katrina (2005), Harvey (2017). pic.twitter.com/H1yWHwn8WR
— Philip Klotzbach (@philklotzbach) August 26, 2020