Над половината Французи се убедени во некои од аргументите на Русија во врска со Украина

Донецк, март 2022

Повеќе од половината од испитаниците во Франција се убедени во некој од аргументите кои ги наведува Русија во врска со нејзината офанзива во Украина, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение спроведено од компанијата Ifop, кои ги пренесе телевизијата CNews.

Анкетата покажала дека 52 отсто од испитаниците веруваат во барем еден руски аргумент за почетокот на војната во Украина. Така, 28 отсто веруваат, на пример, дека руската офанзива е поддржана од Украинците кои зборуваат руски, а кои сакаат да се ослободат од прогоните коишто ги трпат. Други 10 отсто веруваат дека „во моментов со Украина управува хунта инфилтрирана од неонацистичките движења“.

Во прилогот, исто така, се забележува дека „најприемчиви за изјавите на рускиот претседател Владимир Путин“ биле приврзаниците на челникот на левичарската партија Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон, и приврзаниците на крајно десничарскиот претседателски кандидат Ерик Земур.

Во прилогот, исто така, се прави поврзаност на приврзаниците на „антиваксерските тези“ и оние коишто ја поддржуваат политиката на Владимир Путин. Така, 71 отсто од антиваксерите се убедени во наративот на рускиот претседател за Украина. Но висока е и уверувањето кај Французите, од 43 отсто во аргументите на Москва, а кои не веруваат во ниедна од теориите против вакцините.

Вкупно 25 отсто од испитаниците веруваат во барем една антиваксерска теза и барем еден аргумент на Русија. Во Ifop наведуваат и дека 35 отсто од анкетираните Французи се изјасниле дека „веруваат во теории на заговор“.