Во светот досега од почетокот на пандемијата на коронавирусот забележани се повеќе од три милиона смртни случауи од Covid-19, според податоците кои во вторникот ги обработила агенцијата Reuters.
Во извештајот се забележува дека бројот на починатите во пандмијата повторно расте, во прв ред во Бразил и Индија, едни од најнаселените земји во светот.
Здравствените експерти за овој тренд ги обвинуваат позаразните соеви на коронавирусот првпат откриени во Велика Британија и Јужноафриканската Република, а потоа и во Бразил и во Индија.
Било потребно повеќе од една година бројот на починатите во светот да се зголеми на два милиона. Уште милиони луѓе починале во рокот од три месеца, забележува Reuters.
Индија во понеделникот пријави рекорден пораст на заразените со коронавирусот, станувајќи втората земја по САД со повеќе од 100.000 новозаразените на ден.
Европскиот регион, кој вклучува 51 држава меѓу кои и Русија и некои јужноазиски земји, има најголем број починати – речиси 1,1 милиони. Шеесет отсто од починатите се пријавени во пет европски земји: Велика Британија, Русија, Франција, Италија и Геранија.
САД имаат најголем број починати од која и да е друга земја во светот – 550.000 лица, што претставува околу 19 отсто од починатите во светот. Третината од населението траму добиле барем една доза од вакцината против коронавирусот.
Најмалку 370,2 милиони луѓе или речиси 4,75 отсто од глобалната популација ја добиле првата доза од вакцината на Covid-19, според податоците кои ги објави во неделата истражувачкиот институт Оur World in Data.