
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал триумфираше на АТП турнирот од серијата 250 во Мелбурн, откако денеска го совлада во финалето Американецот Максим Крејси со 7:6 (8-6), 6:3.
Надал го реши во своја корист финалниот дуел за еден час и 44 минути игра.
За моментно шесторангираниот тенисер на АТП листата ова е 89. титула во кариерата, а прва по пауза од повеќе месеци поради повреда на стапалото.
(МИА)