Нагасаки одбележа 79 години од американското нуклеарно бомбардирање, САД и ЕУ бојкотираа поради непоканувањето на Израел

Во петокот Нагасаки ја одбележа 79-годишнината од првата и единствената досега во историјата примена на нуклеарното оружје, односно американскиот напад со атомска бомба врз јапонскиот градт, а Израел не беше поканет на церемонијата поради офанзивата на Појасот Газа поради што следуваше бојкотирање на церемонијата од страна на дипломатите на САД и Европската унија, јавуваат агенциите.

Во 11:02 часот по локално време, точниот момент кога американскиот бомбардер „B-29“ фрли бомба врз Нагасаки во 1945 година, градот започна со минута молчење.

„Владата на Јапонија, единствената земја нападната со атомска бомба во војната, мора да заземе сериозен став за свет без нуклеарно оружје. Како чекор кон ова, ја повикуваме јапонската влада да го потпише и ратификува Договорот за неширење нуклеарно оружје што е можно поскоро“, рече градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки на церемонијата, кого го цитира дневниот весник Mainichi.

Нагасаки одлучи да му ја откаже поканата на Израел за комеморацијата, и покрај притисокот од членките на Г7 во која е и Јапонија, односно САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Канада.

Градоначалникот рече дека оваа одлука е донесена заради безбедност и мир за време на настанот и нагласи дека таа не е „политички мотивирана“.

Затоа, американскиот амбасадор во Јапонија Рам Емануел и британската амбасадорка Џулија Лонгботом одлучија да ја бојкотираат церемонијата.

The Guardian пишува дека Емануел решил да го стори тоа поради „политизираноста“ на настанот и додава дека наместо тоа ќе присуствува на церемонијата во будистички храм во Токио во чест на жртвите од нападот во Нагасаки.

Лонгботом, пак, рекла дека одбивањето да биде поканет Израел „создава несреќна и погрешна усогласеност со Белорусија и Русија“, две други земји кои не беа поканети на комеморацијата, ниту во Нагасаки, ниту претходно во Хирошима каде беше поканет Израел.

Владата во Токио не сакаше да ја коментира одлуката на Нагасаки да не го покани Израел.

Претставниците на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, САД и ЕУ во писмо до градските власти во средината на јули рекоа дека „ќе биде многу тешко“ за нив да учествуваат на високо ниво на настанот доколку Израел не е присутен.

Во вторникот, Хирошима ја одбележа 79-годишнината од американското бомбардирање со атомска бомба.

По наредба на тогашниот американски претседател Хари Труман, бомбардерот „B-29“ наречен „Енола Геј“ ја исфрли нуклеарна бомба од 15 килограми од надморска височина од 9.400 метри со 60 килограми ураниум на 6 август врз Хирошима. Бомбата експлодира на надморска височина од околу 600 метри над земјата, предизвикувајќи топлотен бран со температури до 5.000 степени Целзиусови, моќен ударен-бран од 800 километри на час и огнена бура речиси сѐ во оспег од дванаесет квадратни километри.

Помеѓу 70.000 и 80.000 луѓе загинаа во првите секунди, а во месеците што следуваа, бројот на смртни случаи како резултат на зрачење се искачи на 140.000. Експлозијата предизвикала и жешка печурка облак од прав и остатоци од 15.250 метри што може да се види од оддалеченост од 560 километри.

„Енола Геј’ сега се наоѓа во Музејот за авијација на аеродромот Далес во близина на Вашингтон.

На 9 август во 11:02 часот, атомска бомба е фрлена врз Нагасаки. Бомбата детонираше на надморска височина од 470 метри од земјата и уби 22.000 луѓе, а дополнителни 39.000 загинаа од ефектите на зрачење. Нагасаки беше нападнат со атомска бомба од плутониум.