Европското првенство во Данска дополнително ќе загуби на квалитет. Откако заради повреда за Унгарија нема да игра најдобриот ракометар Ласло Наѓ. Тој се повреди уште на дуелот од ЛШ на неговиот тим Веспрем против Целје. Унгарците се надеваа дека повредата ќе биде санирана со одмор, но последните лекарски прегледи покажаа дека одличниот десен бек ќе мора да оди „под нож“.
Ова ќе значи пауза од неколку месеци од терените, па јасно е дека Наги нема да може да настапи на европскиот шампионат што за десетина дена и официјално ќе стартува во Данска.
Со ова значително се намалуваат шансите во битката за највисок пласман на Унгарците, кои во Б – група ќе ги одмерат силите со Шпанија, Исланд и Норвешка.