Награда „Бизнис лидерство и филантропија“ за д-р Драгана Д. Чифлиганец на битолските Оскари за најуспешните

„Бизнис лидерство и филантропија“ е наградата којашто ѝ е доделена на д-р Драгана Д. Чифлиганец на манифестацијата „Оскари за најуспешните“, што 20 години по традиција ја организира Битолски весник.

Наградата која освен на најпопуларните битолчани секоја година им се доделува и на заслужни и истакнати личности од Македонија, на извршната директорка на „Адора инженеринг“ ѝ припадна за препознаени европски лидерски бизнис вредности и имплементирани иновативни решенија во такавиканиот „машки бизнис на градежништвото и високата градба“, каде таа успешно делува 15 години.

На Чифлиганец особено драго ѝ е признанието за филантропијата и хуманите вредности, за активностите со кои таа континуирано, „Адора инженеринг“ 18 години и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец од 2014-та година, сакаат да ги поттикнат другите, во рамките на можностите секој да им пружи рака со помош на ранливите категории граѓани, на болните, гладните, сиромашните и социјалните случаи, со што би се намалила нееднаквоста меѓу луѓето. Наградата е валоризација на реализираните бројни проекти за поддршка на заедницата преку помош на образованието, учениците, студентите и вработените, на спортот, науката, културата и уметноста во Македонија, како придонес во изградба на подобар свет за сите.

Церемонијата на доделување на „Битолските оскари“ за 2019-та, одложено, се одржа минатиот викенд во Центарот на култура во Битола, според сите здравствени протоколи.