Награда „Европски граѓанин“ за архимандритот Партениј од Св. Јован Бигорски

Архимандритот Партениј, игумен на манастирот Св. Јован Бигорски денеска во бугарското народно собрание ја доби наградата „Европски граѓанин“ и стана прв православен монах и свештеник кој ја добил оваа награда на Европскиот парламент.

Тој во обраќањето искажа цврста поддршка за Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Бугарија и Македонија и кажа дека бил напишан со крвта на „нашите предци“.

На церемонијата на која присуствуваа и претседателката на бугарското Собрание, Цвета Карајанчева, европратеникот Андреј Ковачев, политичари, пратеници и истакнати јавни личности, архимандритот Партениј рече дека спроведувањето на тој договор треба да биде во духот на взаемно почитување, а не да биде причина за непотребни раздори.

Тој ги повика политичарите од двете земји да ја продлабочат соработката, вклучувајќи и изградба на неопходна патна инфраструктура која што се уште недостасува меѓу Македонија и Бугарија, пренесе агенцијата БГНЕС.