На традиционалната манифестација „Денови на пролетта – денови на екологијата“, градоначалникот Коце Трајановски, , денеска додели награди за најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција и најубав состав и цртеж на тема : „Eкологија“ за учениците од основните и од средните училишта во Скопје.
Целта на настанот е да се подигне еколошката свест кај граѓаните и да учествуваат во разубавување на градот и преку свои активности да дадат свој придонес за почиста и поубава животна средина.
„Ја поттикнуваме бизнис заедницата да обрне поголемо внимание на одржливиот развој, на воведувањето нови технологии и на почитување на еколошките стандарди. Наградата за најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците е особено значајна за Градот Скопје од причина што учениците се идните лидери во областа на унапредувањето на животната средина во која тие ќе живеат. Задоволство ми е што во конкурсот учествуаа многу голем број граѓани и компании и се надевам дека наредната година интересот ќе биде уште поголем – рече градоначалникот Трајановски.
Награда за најеколошка компанија доби „Раде Кончар“ за „Еко зрак на Балканот“, проект за заштита на животната средина, преку редукција и елиминација на штетни состојки во трансформаторското масло.
За најголем придонес за заштита на животната средина и природата награден е Ѓорги Селков, за организирање на манифестација „Часот на планетата Земја“.
Најубаво уреден двор има куќата на Борис и Наташа Михајлоски, на улица Мраморец, број 25б, а за наубав двор во колективно домување, награден е објектот на улица Кленоец број 61.
Средно училиште „ Здравко Цветковски“, исто така доби награда за најубаво уреден двор на институција.
За најубав состав и цртеж на тема: „Екологија“, нагредни се основците Вања Милческа VII4 одделение од ОУ „Крсте Мисирков“ и Георгина Срефановска VIа ОУ од „Блаже Коневски“. Како и средношколката Стојна Стојчевска од ПСУ „Алгоритам Центар“.
Најубав цртеж на тема екологија направија Теа Божиновска IIIa одделение од ОУ „Владо Тасевски“, Матеа Шутарова VII одделение од ОУ„Лазо Трповски“ и Ања Петковска, од средното училиште „Кочо Рацин“.