Најчевска распали по Османи и неговиот став за пензискиот скандал

Бурни реакции во јавноста откако вицепремиерот Бујар Османи застана во одбрана на директорите во чии институции е откриен пензиски скандал.

На 12 илјади осигуреници им е скратено плаќањето на придонеси во вториот столб а директорот на ПИОМ вели дека не чувствува никаква вина ниту одговорност.

Со коментар по ова прашање, односно откако Османи застана на ставот дека немало злоупотреба на парите од Фондот на ПИОМ се огласи професорката Мирјана Најчевска.

Таа на социјалните мрежи пишува дека „парите не се наоѓаат таму каде што требало да се наоѓаат а тоа значи противправно располагање со туѓи средства или народски кражба“.

Парите не се наоѓаат таму каде што требало да се наоѓаат. Тоа се вика противправно располагање со туѓи средства или народски кражба. Еве на пример, доколку директорот во мојот институт реши пари наменети за плати на администрацијата да ги подели како плати за научниот кадар тој ќе оди на суд и ќе биде соодветно санкциониран.

Крадците одат во затвор. Тој кој шурува со крадци и самиот е или многу брзо ќе стане крадец.

Кога Османи ќе изјави дека тоа е направено од некоја претходна влада не е само смешно туку и безобразно.

ДУИ крадеше и мамеше 11 години како дел од таа претходна власт и продолжува тоа да го прави како дел од актуелната власт. Тоа што крадењето и мамењето го прави на албански јазик не значи зголемување на правата на Албанците во Македонија туку измотавање со сите граѓани во државата, пишува Најчевска на Фејсбук.

 

 

Директорот на ПИОМ Зенељи пак убедува дека парите не се украдени туку се користеле за исплата на пензии а долгот ќе им биде вратен на осигурениците а причина за овој проблем тој ги наведува обемните административни процедури и честите законски измени.