СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ж.К.(50) од с. Подареш, општина Радовиш поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери“. Пријавениот неовластено во својот дом држел поголема количина огнено оружје – бојна пушка, два револвера, пиштол, две рачни бомби, голема количина на разновидни куршуми и две воздушни пушки.