ВИДЕО: Досега најдени 70 тела на мигранти во камионот во Австрија

Во напуштениот камион во Австрија досега пронајдени 70 тела на мигранти.  Австриските власти денес покренаа меѓународна истрага поврзана со смртта на 70 мигранти, чии тела беа најдени вчера во напуштен камион.

Според претходните информации стануваше збор за 20 до 50 тела на мигранти, а пребројувањето на жртвите е тешко поради распаѓањето на телата.

Безживотните тела на мигранти беа пронајдени вчера непосредно пред пладне од страна на сообраќаен полицаец кој застанал да направи проверка поради непријатниот мирис и течноста која доаѓала од задниот дел на напуштениот камион во близина на австрискиот град Парндорф, односно на експресниот пат помеѓу Виена и Будимпешта.

Камионот – ладилник бил оставен

Камионот-ладилник од 7,5 тони очигледно бил оставен, откако возачот утврдил дека нелегалните патници се мртви. Тој ја оставил отворена задната врата на камионот и од неа истекувала течност од телата кои се распаѓале.

Досега најдени 70 тела на мигранти во камионот во Австрија
Досега најдени 70 тела на мигранти во камионот во Австрија

Камионот е однесен во зградата на царината за ветеринарни инспекции, која располага со специјални камери, каде експерти по судска медицина работеа цела ноќ на одвојување на телата и на нивно пребројување.

Форензичарите во моментов се борат да ги пребројат остатоците од телата во распаќање. Според многумина ова е голема трагедија која дефинитивно ќе фрли нова светлина врз начинот на кој ЕУ во иднина ќе продолжи да се справува со мигрантите пишува Вашингтон пост.

Засега нема информации за идентитетот на жртвите.

Во меѓувреме весникот „Кроне“ јави дека три лица се уапсени во Унгарија во врска со камионот со мртвите имигранти, но австриското МВР не може да ја потврди оваа информација.