Најдени остатоците на исчезнатиот малезиски авион?

Следните неколку дена можеби конечно ќе биде решена мистеријата за исчезнатиот малезиски авион со кој патуваа 239 патници и членови на екипажот.

Остатоци од авион во кој има „многу скелети“ и малезиско знаме наводно се најдени на Филипините, што предизвика шпекулации дека можеби се работи за исчезнатиот малезиски авион MH370. Полицијата потврди дека добила известување за откритие во густата џунгла на оддалечениот остров Сугбаи во покраината Тави-Тави.

Полицијата во Малезија ја контактирал Џамил Омар кој изјавил дека неговата тетка Сити Кајам наишла на остатоците додека заедно со група луѓе биле во лов на птици.

Портпаролот на тамошната полиција вели дека жената тврдела дека влегла во уништениот труп на авионот и таму видела голем број човечки скелети. Исто така пронашла и малезиско знаме.

maleziski-mapa

Според локалните медиуми, и на пилотското седиште имало костур. Иако голем број луѓе шпекулираат дека можеби се работи за исчезнатиот малезиски авион, кој исчезна во март минатата година, полицијата и понатаму е резервирана во своите известувања, водејќи сметка дека француските власти потврдија дека дел од крилото на авионот бил најден на островот Реунион.

Многу е мала веројатноста пронајдениот дел да плови од филипините до Реунион со оглед дека на патот има и копно, односно Борнео.

Но, полицијата наводно не ја отфрла ниту можноста делот пронајден кај Реунион да паднал од авионот по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг, па тоа да предизвикало проблем во понатамошното управување на авионот.