Најмалку 12 мртви во несреќа на воен хеликоптер во Авганистан

Најмалку дванаесет лица загинале, од кои двајца се членови на украински екипаж и десет авганистански војници, во несреќа на воен транспортен хеликоптер на една молдавска компанија која работи во Авганистан, потврдија во неделата вечерта воздухпловните власти на Молдавија.

„Молдавските цивилни воздухопловни власти се известени дека на 2-ри септември во 4 часот утрото по средноевропско време се урнал хеликоптер од типот МИ-8МТВ на компанијата Валан кусо по полетувањето од базара Мазар-и-Шариф“, соопштија молдавските власти.

Според истиот извор, со хеликоптерот се превезувале три члена на украинскиот екипаж и единаесет авганистански војници. Според првичните податоци, двајца членови на екипажот и десет војници смртно настрадале, се прецизира во соопштението.

Според заменикот на командантот на авганистанските сили на северот од Авганистан, Назер Куди Памири, хеликоптерот паднал поради технички проблеми набрзо по полетувањето. Леталото било во сопственост на приватна компанија, а го изнајмило министерството за одбрана, потврдила портпаролката на министерството.