![SEA-TRAGEDY-3-boats-capsize-off-Iloilo-Strait-696x418](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/SEA-TRAGEDY-3-boats-capsize-off-Iloilo-Strait-696x418.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Најмалку дванаесет луѓе ги загубиле животите по превртувањето на три моторни пловила во близина на филипинскиот град Илоило, поради силните монсунски ветрови, пренесува во саботата порталот GMA News.
Претходно филипинските медиуми објавија дека во превртувањето на две пловила се удавиле седум лица. Подоцна филипинскиот Црвен крст објави дека во трите несреќи смртно настрадале најмалку 12 луѓе, од 78 патнции кои се наоѓале на моторните чамци. Тројца од спасените 47 патници се во критична состојба, се додава во соопштението.
Првите два инцидента се случиле околу пладнето по локално време, кога бротчињата „Che-che“ и „Keziah“, на кои имало 51 патник и членови на екипажите, при што се удавиле десет луѓе. Спасени бил 41 човек.
Челничката на градскиот совет на Илоило за намалување на ризиците и олеснување на несреќите, Дона Мано, соопштила дека бродот „Che-che“ патувал кон покарината Гимарас од градот Илоило, а истовремено „Keziah“ пловел во спротивната насока. Притоа сите патници од овие две пловила беќе биле извлечени на безбедна локација.
Третото туристичко пловило „ Jennyville“, потонало околу 15 часот по локално време или 10 часот по македонско време, со 38 патници и членови на екипажот. Најмалку еден човек го загубил животот во овој инцидент. Во моментив сѐ уште трае потрагата по неколку патнции од третиот брод.
Електронското издание на весникот Manila Times, повокувајќи се на свои неофицајлни извори од Националниот совет за намалување на ризиците и управувањето со природни стихии (NDRRMC), пренесува дека најмалку 13 лица загинале во трите поморски несреќи.