Најмалку 14 мртви во Канада поради топлото време

Најмалку 14 лица ги загубија животите поради високите температури и топлотните бранови што ја погодија источна и централна Канада, објави националната мрежа ЦБЦ.

Телевизијата наведува дека како резултат на топлотниот бран 14 лица загинале во Монтреал и пет во источните општини- рурална област источно од градот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изрази сочувство до семејствата на загинатите. Тој предупреди дека жештините нема да се престанат во скоро време.

Канадските служби за итни случаи објавија дека добиваат повеќе од 1.200 повици дневно од почетокот на топлиотниот бран. Во Монтреал вчера беше забележана температура од 34 степени Целзиусови, а слично време се очекува денес. Предупредувањата за високи температури беа издадени денес за јужен Квебек, вклучувајќи го и Монтреал.

Властите велат дека покрај топлината, проблемот е исто така високото ниво на влажност во воздухот.

Последниот бран на топлина ја погоди областа Монтреал во 2010 година, кога речиси 100 лица загинаа.