Најмалку петнаесет мртви, вклучително и свештеникот, се убиени во вторникот во престолнината на Централноафриканската Република, откако вооружен напаѓач влегол во црквата, соопштија локалните власти.
Нападот се случил во градот Бангуи, на границата со мнозински муслиманскиот кварт ПК 5, во кој минатиот месец беше убиено 21 лице кога обидот на мировниците на Обединетите нации и локалните безбедносни сили да го разоружат локалните криминални банди се претвори во отворен судир.
Очевидци велат дека црквата „Мајка Божја од Фатима“ била нападната со оган од огнено оружје и гранати во текот на утринската литургија. Верниците бегале од црквата низ дупка во ѕидот кој го направила полицијата.
Во локалната болница се доведени девет тела, додека меѓународната организација Лекари без граници (MSF), соопшти за уште шест мртви и 60 ранети во другите градски болници.
Меѓуверските судири во Централноафриканската Република бележат пораст од 2013 година кога мнозински мулсимананските бунтовници Селека го соборија претседателот Франсоа Бозизе.