Најмалку 18 лица загинале, а уште 27 луѓе се водат како исчезнати во поплавите кои го погодија јужниот дел на Јапонија.
Спасувачките екипи продолжуваат да ги бараат исчезнатите лица, изјавија претствниците на локалните власти. Полицијата наведе дека, пет лица се во критична состојба.
Островот Кјушу е опустошен откако реките се излија од коритата, а огромното количество вода однесе делови од патиштата.
Илјадници лица се евакуирани и сместени во привремени живеалишта, но голем број лица се уште се заробени во нивните домови.
Повеќе од 500 лица се отцепени од светот, а разрушените мостови и водата ја отежнуваат работата на спасувачите.