За време на на неделната служба во катедрала во јужниот дел на Филипини бомбаш-самоубиец извршил двоен напад, при што загиналe најмалку 27 лице, а околу 48 се повредени.
Првата експлозија одекнала во градот Јоло во катедрала за време на неделната литургија, а втората на паркингот блиу храмот. Според првичните сознанија, меѓу загинатите дваесет се цивили а седум се војници.
Ова е еден од најсмртоносните напади последниве години на немирниот јужен дел на Филипините.
Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад, но сомнежите се насочени кон одржувањето на референдумот за автономија на регионот Бангасморо, во кој мнозинство се муслиманите.
Референдумот беше одржан во понеделникот, а во петокот беа објавени официјалните резултати, според кои 85 отсто од гласачите ја поддржале автономијата. Меѓутоа, во провинцијата Сулу, во којашто се случија денешните експлозии, а која се наоѓа во рамкте на автономната област Бангсаморо, населението гласало против автономијата.