Најмалку 40 загинати во напад во Индија

Најмалку 40 полицајци загинале при детонација на импровизирана експлозивна направа во сојуната индиска држава Џаму и Кашмир, пренесува телевизијата NDTV.

Според телевизијата, импровизираната експлозивна направа била активирана кога минувале возила со припаници на Централните резервни полициски сили (CRPF)|, во округот Пулвама.

Агенцијата ANI пренесува дека по детонацијата на местото на нападот се слушале истрели од огнено оружје. Според агенцијата конвојот бил упатен кон областа Ладора по новиот автопат, а најмногу настрадал автобус со кој се превезувале 42 припаднци на полицијата.

Генералниот инспектор на кашмирската полиција, С.П. Пани изјави дека станува збор за терористички напад и оти станува збор за најсмртоносниот напад врз безбедносните сили во Кашмир.

Во септември 2016 година во напад на локалните терористички групи врз камп на армијата при што убија 19 војници. Во 2004 година во напад врз конфон на паравоени сили беа убиени 28 припадници на силите BSF.

Агенцијата ANI, повикувајќи се на локални медиуми, наведува дека одговорноста за нападот ја преземала пакистанската терористичка група Џаиш е-Мохамед, според која експлозијата ја извршил бомбаш-самоубиец.