![burkina faso](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/burkina-faso.jpg?resize=640%2C411&ssl=1)
Бројотна жртвите во меѓуетничките судири кои започнаа во Буркина Фасо во вторникот се зголеми на 46 мртви, објави во петокот локалниот портал Faso повикувајќи се на владиниот портпарол Реми Данџин.
Конфликтот започна во вторникот со напад на неидентификувани лица на село на северот од земјата, каде што живеат претставници на племето Моси. Како одговор, локалните жители започнаа со напади врз населбите на етничката заедница Фулбе, обвинувајќи дека им пружиле засолниште на напаѓачите.
Владинот портпарол Реми Данџин оцени дека иницијаторите на конлфиктот се терористи, кои имаат намера да ја разгорат меѓуетничката омраза.
Претходно, властите на Буркина Фасо прогласија вонредна состојба во редициа северни провинции поради интензивирањето на активносите на исламистичките групи коишто дејствуваат во земјата.