Најмалку четири лица смртно настрадале во пожар кој избувнал во неделата во станбена зграда во којашто живеат корисници на социјална помош на западот од Германија во Сарбрикен, соопшти полицијата.
Едно лица е тешко повредено откако скокнало од покривот на зградата бегајќи од пожарот, кој избувнал на првиот или вториот кат околу 14,30 часот по локално време, соопшти портпаролот на локалната полиција.
Пожарникарите успеале да спасат неколку луѓе од нивните станови. Причината за пожарот засега не е познат и отворена е истрага.
Полицијата, исто така, отворила истрага за пожарот кој избувна во саботата во повеќекатница во главниот град Берлин, во кој се повредени 22 лица.