Најмалку двајца загинати во експлозија во сунитска џамија во Пакистан

Најмалку две лица загинале а уште најмалку 15 други се ранети во експлозија во петокот во една од сунитските џамии во пакистанскиот град Квета, пренесува телевизијата Geo TV повикувајќи се на претставници на службите за вонредни состојби во регионот.

Според телевизијата, експлозијата се случила во време на петочната молитва, на којашто учествувале 30 до 40 лица. Агенцијата Reuters, пак, го цитира полицискиот офицер Абдук Кајум според кого во време на експлозијата во џамијата имало стотина лица.

Три лица од повредените се наоѓаа во критична состојба. Експлозијата била толку силна, што биле искршени прозорците на соседните објекти. Областа подолго време е блокирана од полицијата која започнала истрага.

Како што пренесува Radio Pakistan повикувајќи се на полициски извор, експлозијата се случила како резултат на активирање на импровизирана експлозивна направа, која била поставена од засега непознати лица во текот на минбарот, проповедта која се чита на петочната молитва.

Досега ниедна од терористичките групации кои се актвини во Пакистан не ја презема одговорноста за овој бомбашки напад. Нападите врз сунитски цели, како што е петочниот се многу ретки во покраината Балучистан, чиј центар е градот Квета.

Во Балучистан, кој е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации, како и локални сепаратисти кои бараат независност.

Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак е најсиромашна. Од минатото лето повторно се разгоре насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт. Чести цели на нападите се шиитските муслимани и христијаните.

Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бутновничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.