Најмалку две жртви на границата меѓу Венецуела и Бразил, тврди опозицијата

Најмалку две лица од кои едно е четиринаесетгодишно момче се убиени во саботата на границата меѓу Венецуела и Бразил каде што венецуеалската војска блокирала конвој хуманитарна помош, а три камиона со хуманитарна помош биле запалени во сојуната држава Тачира на границата со Колумбија, јавуваат опозициски невладини организации преку социјалните мрежи.

„Двата смртни случаи се последица од воената репресија во местата Санта Елена де Уаиребн. Убиени се со куршуми, еден од нив во главата“, рекол за AFP, Олнар Орти, член на невладиното здружение Foro Penal, која е против владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Венецуелската војска во саботата примени силиа на границите на Венецуелата против привраниците на самопрогласениот претседаетл Хуан Гуаидо и на неговите поддржувачи кои настојуваат да ја внесат во земјата американската хуманитарна помош. Претседателот Николас Мадуро одбива да ја прими оваа помош и покрај протестите на опозицијата, и тврди дека таа е само параван на Западот за САД воено да интервенираат против неговата земја, откако пред две седмици во еден камион со наводна помош беа запленети американско оружје и муниција. Мадуро во петокот нареди затворање на главните гранични премини кон соседните држави.

Здружението Foro Penal ја обвини војската дека отвора оган врз демонстрантите на границата кои бараат да се отвори граничниот премин. Здружението наведува дека 29 лица се повредени во тие судири, меѓутоа агенцијата Reuters која ја пренесе оваа вест пишува дека овој податок не можела да го потврди од независни извори.

Колумбиските имиграциски служби објавидле дека „три камиона“ се запалени на границата. Пратеничката Габи Арељано, која го поддржува Гуаидо, рекла дека војската е одговорна за палењето на камионите по налог на претседателот Мадуро. И за оваа инфромација нема официјална потврда, а теливизијата VIP во одделна вест вели дека на истото место се повредени десет лица.

Истовремено телевизијата TVV објави дека припаднции на војската на Колумбија се распоредуваат на меѓународниот мост Симон Боливар, кој ги поврзува Колумбија и Венецуела, во градот Кукута, откако наводно припадници на венецуелската полиција преминале на колумбиската територија.

Самопрогласениот привремен претседател Гуаидо, кого го признаваат педесетина земји предводени од САД, ја одреди саботата како решавачки ден кога ќе биде испорачана помошта која со денови е блокирана во Колумбија и Бразил. Тој преку социјалните мрежи тврди дека првите пратки хуманитарна помош минала на венецуелска територија. Двајца новинари на AFP од местото Пачараима, пак, констатирале дека камионите во саботата ноќта биле стационирани меѓу царинските контроли на двете земји.