Најмалку еден загинат и десет исчезнати во експлозија на метан во Чешка

Најмалку еден рудар загинал а десет се водат како исчезнати по експлозија на метан во четвртокот во рудникот за антрацит ČSM на истокот од Чешка, соопшти вечерта управата на рудникот ОКD.

Портпаролот на компанијата, Иво Челеховски, за медиумите изјавил дека десет други рудари се повредени во експлозијата којашто предизвикала уравање во нејкои од подземните области на рудникот, како и дека слабата видливост ги попречува напорите на спасувачките служби.

Според јавната телевизија на Чешка, која се повикува на неофицијални податоци, во експлозијата на гасот во областа на Карвин на североистокот од земјата, загинале пет лица.