Осуммина припадници на украинската полиција загинаа, а 18 се повредени во судири со проруски сепаратисти во близина на Доњецк.
Судири имало и во Луганск, а засега не е познато дали има жртви.
Во Доњецката и Луганската област, на истокот на Украина, на 11 мај беа оддржани референдуми за самоопределување, по кои беа прогласени „Доњецката Народна Република“ и „Луганската Народна Република“.