Најмалку седумина загинати во бомбашки напад во Кабул

Најмалку седум лица загинаа, а 25 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, изјавија официјални лица.
Нападот се случил недалеку од митингот посветен на поранешниот антисоветски командант на муџахедините, Ахмад Шах Масуд. Засега никој не ја презеде одговорноста за терористичкиот напад.

Бомбашот-самоубиец бил на мотоцикл кога го детонирал експлозивот. Нападот се случил неколку часа откако полицијата во Кабул претходно спречила обидот на друг осомничен бомбаш-самоубиец за детонирање на експлозив, објави агенцијата „Ројтерс“.