Најмалку 226 чица загинале во силниот земјотрес кој погодини неколку сојузни мексикански држави во вторникот, точно на 32-годишнината од разорниот земјотрес од 1985 година, објавија локалните власти додека спасувачките екипи забрзано ги пребарауваат урантините во потрага по преживеани.
Земјотресот со магнитуда од 7,1 степени по Рихтер го погоди североистокот на Мексикот во вторникот во 18,14 часот по локално време, или 20,14 часот по македонско време. По главниот удар следувале десетици силни афтершокови. Епицентарот е регистриран на 12 километри југоисточно од гратчето Ахочајапан во државата Морелос, на 111 километри јужно од Сидуад де Мехико. Хипоцентарот на потресот е регистриран на 57 километри длабочина.
Бројката загинати во моќниот земјотрес се искачи на 226, соопшти во средата шефот на мексиканската национална служба за справување со вонредни состојби, Луис Фелипе Пуенте, на својот микроблог на Twitter.
Според него, 117 луѓе ги загубиле животите во областа на главниот град Сиудад де Мехико, 55 во државата Морелос јужно до престолнината, 39 во Пуебла каде што е регистриан епицентарот на земјотресот, 12 во Едомекса и три во Хереро.
Градоначалникот на главниот град Мигуел Анхел Мансера соопшти дека во градот имало најмалки стотина загинати, како и дека се тешко оштетени или уништени 44 згради. На неколку места истекувал гас, а избувнале и пожари.
Најмалку 30 ученици загинаа во училиште во престолнината
Меѓу урнатите згради во главниот град им станбени блокови, училиште, фабрика и еден супермаркет. Без струја останале 3,8 милиони потрошувачи, објави националната електрокомпанија CFE. Неколку часа биле во прекин и мобилните врски.
Најмалку 30 деца загинале во уривањето на училиштет во Сиудад де Мехико, пишува весникот Excelsior повикувајќи се на министерот за образование на Мексико, Аурелио Нуњо. Според веснкот, спасителите ги пронашле телата на 30 деца, а уште 11 ученици биле извлечени живи. На местото продолжуваат да работата волонтери и припадници на цивилната заштита.
Телевизиските снимки прикажуваат урнатини од повеќекатници во главниот град, а на некои е прикажана владина зграда како пука и се урива на улица додека минувачите врескаат во паника.
Американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter напиша „Господ да го благослови Градот Мексико. Со вас сме и ќе бидеме со вас“.
Злобен датум
Главниот град на Мексико, со приградските населби, има околу 20 милиони жители.
Државата Мексико е сместен на местото каде што се спојуваат пет тектонски плочи и поради тоа таму е област на силна тектонска активност.
Вчерашниот земјотрес се случи само неколку часа откако жителите учествуваа во вежба во случај на потрес, којашто се одржува вообичаено на 19-ти септември, ден во пресрет на разорниот земјотрес кој во 1985 година го погоди Мексико.
На 20-ти септември 1985 година разорен земјотрес со магнитуда од 8,1 погоди голем дел од мексиканската престолнина којашто лежи на сунгересто исушено езерско корито, при што загинаа над 10.000 луѓе. По оваа трагедија, мексиканските власти го заострија прописите за градење и развија систем за предупредување на потреси преку сензори поставени на бреговите.
По таа трагедија, мексиканските власти го заострија прописите за градење и развија систем за предупредување на потреси преки сензори поставени на бреговите.
Мексико уште закрепнува од земјотресо од 7-ми септември кој го пацифичкиот брег на југот од земјата и усмрти 98 луѓе. Овој потрес со магнитуда од 8,2 степени беше најсилниот што го погодил Мексико во последните стотина години.