Водечкиот американски неделник Variety кој ги следи настаните во светото на шоу-бизнисот, го направи рејтингот на најнеуспшените филмови во изминатата година, во кој се вклучени филмовите кои не ги исплатиле буџетите потрошени за нив, или не ги исполниле очекувањето од резултатите на кино благајните.
На оваа листа се само шест филма годинава: „Валеријан и градот на илјада планети“, „Темната кула“, „Гоебура“, „Monster trucks“, „Мечот на кралот Артур“ и „Ветување“.
„Валеријан и градот на илјада планети“ на режисерот Лук Месон, кој беше прогласен за најскапиот француски филм, заработи само 225 милиони долари, со буџет од 180 милиони. На екранизацијата на романот на Стивен Кинг „Темната кула“ биле потрошени 60 милиони долари, а неговата заработка изнесува 111 милиони долари.
Премиерата на „Геобура“ беше четирипати одложувано поради неколкуте природни катастрофи кои се случија годинава. Како резултат на тоа, филмот заработи 207 милиони долари, при буџет од 120 милиони.
Заработката на филмот „Кралот Артур: Легендата за мечот“ (римејк на Ескалибир) на најголемите кино пазари е поразителен: САД – 39 милиони, Русија – 12 милиони и Кина – 8 милиони, а за снимањето беа потрошени 175 милиони долари.
„ Monster trucks“ и „Ветување“, пак, воопшто не успеаја ниту минимално да ги покријат трошоците. Првиот филм заработи само 64 милиони со буџет од 125 милиони долари, додека вториот заработи минорни 8 милиони а за неговото правење беа потрошени над десет пати повеќе – 90 милиони долари.
Најуспешните филмски проекти според Variety, споредено меѓу вложеното во нив и заработката се „Wonder Woman” во кој се вложени 120 милиони а годинава заработил 821 милион долари, „Чудо“ со заработени 155 милиони и сѐ уште се прикажува, а во негов биле вложени само 20 милини долари. Следуваат „Girls trip“ со вложени 19 милиони но заработени 138 милиони долари, „Get out“ кој вложените минимални за холивудски прилики 4,5 милиони долари ги претворил во 245 милиони, „Убавицата и ѕверот“ кој заработи 1,6 милијарда долари со буџет од 160 милиони, како и „It“ во кој се вложени 35 милиони а заработил 695 милиони долари итн, чиишто заработки повеќекратно ги надминаа вложените суми.
Во овој рејтинг на крајот е најновото продолжени од сагата „Војни на ѕвездите: Последниот џедај“ кој досега заработил 536 милиони, а трошоците за неговата продукција изнесуваа 250 милиони долари. Но овој филм го има вториот најдобар прв викенд од франшизата и петта највисока заработка на глобално ниво и тоа пред прикажувањето во кино салите во Кина. Станува збор за деветтото продолжение од култната франшиза којашто не покажува дека наскоро ќе го загуби интересот кај публиката, благодарение на маркетинг кампањата којашто има резултати кај големата база фанови.