Најразорните тропски бури кои ги погодиле САД

Најразорните тропски бури кои последните дваесетина години ги зафатиле Соединетите држави се Катрина од 2005 година, Алисон од 2001-та и ураганот Харви кој се претвори во тропска бура и кој во моментов во Хјустон предизвикува невидени поплави.

Сенди, 2012 година: Ураганот Сенди го погоди САД на 29-ти октомври 2012 година и предизвика големи поплави на североисточниот брег, во прв ред во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси и Конектикат, усмртувајќи повеќе од 120 луѓе, од кои четириесетина во Њујорк. Материјалната штета беше проценета на 71 милијарда долари, поради што Сенди е меѓу ураганите кои најмногу ги чинеле САД.

Ајрин, 2011 година: Ураганот Ајрин ја зафати земјата на 28-ми август 2011 година и однесе 43 животи во 11 сојузни држави, главно на североистокот од САД, а најмногу настрада Вермонт кој такви поплави не забележал претходно 75 години. Во оваа мала држава на канадската граница Ирена за неполни 24 часа донесе количество дожд коешто инаку наврнува за два месеца.

Катрина, 2005 година: Ураганот Катрина, еден од најразорните во американската историја започна на 29-ти август 2005 година на југот од САД, во сојузните држави Луизијана, Мисисипи, Флорида и Алабама, и однесе 1.800 животи. Повеќе од 80 отсто од градот Њу Орлеанс беа под вода. Ураганот проследен со ветрови со брзина од 240 километри на час и дождови го подигна водостојот на езерото Понтнчартејн на северот од градот. Под притисокот во системот на насипот настанаа шест пукнатини и водата се изли во историскиот центар на градот изграден под нивото на морето, претворајќи се во смртоносна стапица за стотици жители. Штетата беше процената на повеќе од 150 милијарди долари.

Рита, 200 година: Еден месец по Катрина, циклонот Рита повторно го зафати брегот на Мексиканскиот залив усмртувајќи десетина луѓе во Тексас и во Мисисипи ноќта кон 25-ти септември 2005 година. Властите евакуираа речиси три милиона жители, а 24 лице ги загубија животите при евакуацијата. Во голем дел од Луизијана, Мисисипи и на истокот од Тексас наврнаа од 12 до 22 сантиметри дожд на метар квадратен. Њу Орлеанс беше изложен на нови поплави во квартовите кои веќе настрадаа во налето на Катрина и останаа без своите жители. Кај архипелагот Кејс на Флорида нивото на морето порасна за 1,5 метри.

Френсис, 2004 година: Сојузната држава Флорида последователно ја пустошеа ураганите Чарли и Френсис. Во овие две природни катастрофи загинуваат педесетина луѓе, а економската штета надмина 20 милијарди долари. Поради Френсис водостојот на истокот на Флорида порасна за 180 сантиметри, а целиот исток на САД беше зафатен од силни врнежи.

Алисон, 2001 година: Ураганот кој се претвори во тропска бура Алисон го погоди Тексас на –ти јуни 2001 година, а потоа со седмици ги пустосеше Луизијана, Флорида и Пенсилванија, при што смртно настрадаа 35 луѓе. Поради несекојдневното количество дожд во Хјустон е забележан дотогаш најголемиот водостој, а во пристаништето во овој град достигна 94 сантиметри над нивото. Властите штетата ја проценија на 5 милијарди долари, од што само во Хјустон 4,48 милијарди долари.

Флојд, 1999 година: Во налетот на ураганот Флојд на 16-ти и 17-ти септември 1999 година на источниот брег од САД загинаа 61 човек. Флојд остана запаметен по големото количество доќр во Северна Каролина од 25 сантиметри и во државата Њујорк, од 33 сантиметри на квадратен метар, што предизвика големи материјални штети.

Алберто, 1994 година: Тропската бура Алберто ја погоди Флорида на 4-ти јули 1994 година, но од 5-ти до 7-ми јули се искачи кон Џорџија проследена со силни врнежи и ја зафати и сојузната држава Алабама. На многу места наврна повеќе од 13 сантиметри на квадратен метар, а најмногу беше регистрирано во Америкус, во Џорџија – 53 сантиметри на квадратен метар за 24 часа. Поплавите во Џорџија однесоа 31 живот, а евакуирани беа околу 50.000 луѓе.